Денеска ќе има неколку часовен прекин во сообраќајот на овој пат

 Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека денеска од 13 до 17 часот во прекин ќе биде сообраќајот на патот Маврово - Дебар на потегот од село Рајчица до Дебар.

Причина за прекинот е изведување на градежни активности, односно асфалтирање на овој дел од патот.

 

 

 

19.06.2017 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа