Денеска е најпопуларната македонска пејачка - го препознавате ли ова девојче

Македонската поп-дива на својот Инстаграм профил објавила црно-бела фотографија и ги запрашала своите следбеници „Кое е ова девојче“?

Фотографијата е направена далечната 1976 година, и ова е првиот настап на Калиопи на детскиот фестивал „Златно славејче“. Тогаш 10-годишната Калиопи ја отпеала песната „Мојата учителка“, која е авторско дело на композиторот Александар Џамбазов.

Оваа фотографија предизвика бројни позитивни реакции кај обожавателите на Калиопи.

 

 

 

 

12.10.2017 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа