Ден на отворени врати во Гете-Институт Скопје

Во Сабота, 02.09.2017 година, во периодот помеѓу 10 и 18 часот, Гете-Институтот со задоволство ве поканува на Ден на отворени врати. Од Гете-Институт најавуваат богата програма која ќе биде заокружена со доделување на еден бесплатен курс за најсреќниот посетител.

Доколку се интересирате за германскиот јазик и за Германија, посетете го Денот на отворени врати со цел да добиете конкретна претстава за Гете-институт, но и да ги запознаете лично професорите на Speed-Dating;

Во овие 8 часа, од Гете-Институт најавуваат можност за сите посетители да ги научат првите зборови на германски јазик со учество на пробен час во модерно опремените училници, да ги провератсвоите познавања на германскиот јазик, но и да учествуваат на квиз за Германија и за германските пронајдоци.

За време на Денот на отворени врати, секој посетител ќе има можност да слуша германска музика и да се информира за актуелните настани и проекти, стипендии, за PASCH-училиштата и за културните друштва, како и да ги запознае дигиталните понуди за изучување на германскиот јазик.

 

Линк до целокупната програма и локацијата на Гете-Институт Скопје: https://www.goethe.de/resources/files/pdf133/flaer-mk2.pdf

 

 

 

01.09.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа