Данев: Двојните стандарди и лицемерието на Заев се бесконечни

СДС продолжува со лицемерната политика која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“.

          Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизацијана институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата.

          Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и професионално да ја врши функцијата Министер за внатрешни работи, тој е назначен за потпретседател на партијата.

          Граѓаните помнат дека во текот на претходните изборни циклуси, СДС го проблематизираше тоа што Гордана Јанкулоска во исто време била и министер за внатрешни работи и партиски функционер и носител на листа во изборна единица, бидејќи не се знаело „што е партија, а што држава“. Сега граѓаните го гледаат лицемерието на дело, односно како неговиот довчерашен генерален секретар станува потпретседател на партијата, додека во исто време е министер во МВР.

          Двојните стандарди и лицемерието на Заев се бесконечни.Оливер Спасовски е назначен за потпретседател на СДС, бидејќи треба да ги реализира партиските чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои изминатиов период работат на случаи против наркодилерите и криминалците блиски до Заев и раководството на СДС.

          Ова е само продолжение на обидите на СДС целосно да ги стават под партиска контрола органите на прогон. Првиот чекор беа заканите кон судиите со неуставен реизбор, а вториот иницијативата која ја покрена Зоран Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“.

          ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДС. Тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не според партиските наредби на потпретседателот на СДС или кој било друг партиски функционер.   

 

 

 

 

 

 

19.06.2017 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа