Цукерберг: Јас го направив Фејсбук, грешката е моја

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг денеска и во среда лично ќе сведочи во Конгресот,  првпат после скандалот со злоупотребата на податоци од „Кембриџ аналитика“, користени за политичка кампања во корист на претседателот Доналд Трамп.

„Сега е јасно дека не направивме доволно за да спречиме овие податоци да се користат на нечија штета“, стои во писменото соопштение што го објави Комисијата на Претставничкиот дом на САД за енергетика и земјоделие.

„Не ја согледавме доволно широко нашата одговорност и тоа беше огромна грешка. Тоа беше моја грешка и жал ми е. Јас го основав Facebook, јас раководам со него и јас сум одговорен за она што се случува тука“, додаде тој.

 

 

 

 

10.04.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа