„Црна дупка“ на Путин спречи жесток удар над Сирија: Руската подморница не им дозволи на Британците да се доближат

Една или две руски подморници кои на Западот ги нарекуваат "Црни дупки" поради нечујноста, ја спречиле британската подморница од класата "Astute" да пријде до сирискиот брег и да учествува во нападите, пишува "Times".

Весникот објавил дека британската подморница, вооружена со крстаречки ракети, во Средоземното море играла "мачка и глушец" со руските подморници. 

"Times" наведува дека британската подморница морала да нурне и поради две руски фрегати и противподморнички брод.

Поради тоа, не успеала да пријде доволно блиску за да ја ракетира Сирија, без разлика на тоа што неколку дена се обидувала да се сокрие.

Според податоците на весникот, руските "црни дупки", кои според тврдењата на службениците на НАТО, припаѓаат во класата "клио", испловиле од сириското пристаниште Тартус, за да ја спречат британската подморница да се доближи Сирија и да ја нападне.

"Црните дупки" се многу брзи и вооружени со торпеда, односно крстаречки и противподморнички ракети.

 

 

 

 

 

17.04.2018 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа