ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи: Конгрес за избор на нов лидер на 23 декември

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи партијата да оди на Вонреден конгрес на 23 декември. Високи партиски извори велат дека големо мнозинство на Централниот комитет гласало за одржување на Конгресот.
Одлуката да се свика Конгресот ја поддржале 100 членови на партиското тело, 10 биле воздржани а 1 против.
Лидерот Груевски поднел неотповиклива оставка.
Со тоа партијата на 23 декември оди на Конгрес на кој ќе се избира нов лидер.

 

 

 

 

10.12.2017 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа