Ципрас: Постои „прозорец на можности” за решение за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа во обраќање пред членовите на вадејачката партија Сириза истакна дека постои „прозорец на можности“ за решавање на спорот со името. Тој кажа дека неговата влада има јасна позиција во преговорите – сложено име за севкупна употреба и ја обвини опозицијата за поттикнување национализам и изолационализам, пренесува МИА.

– Владата ќе продолжи да работи на постигнување најдобар можен договор. Грчката позиција е јасна и одговорна. Бараме решение кое ќе биде заемно прифатливо, сложено име за севкупна употреба, кое нема да остава простор за иредентизам и неразумни тврдења, рече Ципрас.

Ципрас нагласи дека позитивно е тоа што Владата на Македонија е цизгледа решена да преземе чекори за изнаоѓање решение, кои, како што наведе, треба да ги покаже во пракса.

Тој ја обвини опозициската Нова демократија и нејзиниот поранешен лидер Андонис Самарас кои, како што рече, го создале проблемот во 1992 година, но не успеале да го решат, за креирање изолационизам и националистичката реторика која и штети на земјата и нејзината политика во регионот.

– Самарас повеќе се грижи за својата политичка кариера отколку да се реши еден проблем кој е од национално значење. Националните интереси, не се бранат со критицизам, обвинувања и кажување афоризми, туку со градење добра преговарачка позиција, обезбедување меѓународни сојузници и обид за постигнување внтрешен национален консензус, кажа Ципрас.

Како позитивен пример го посочи ставот на грчкиот архиепископ Јероним кој на нивната вчерашна средба истакнал дека во овој момент не се потребни протести, туку национален консензус и единство.

 

 

 

 

20.01.2018 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа