Циндриќ: Раул покажа дека врвен стратег- Македонија не ме изненади

Лука Циндриќ не блескаше во поголем дел од мечот против Белорусија, но сепак на крајот кога беше најпотребно го постигна клучниот гол за победа на Хрватска (25-23). 

Вардаровиот ракометар исто како и своите соиграчи од репрезентацијата, Иван Чупиќ и Игор Карачиќ, исткна дека постојано ги следи мечевите на Македонија, но и дека не е изненаден од играта на нашите ракометари.

„Ги следиме секој натпревар, од почетокот на Европското првенство зборев дека Македонија ќе биде најголемо изненадување, станува збор за голема репрезентација. Раул покажа дека е фантастичен тренер и одличен стручњак. Момците покажаа борбеност на теренот, секоја чест, им посакувам многу среќа. 

Сигурно не му е лесно, сите сакавме да го даде тој гол. И јас се најдов во една таква ситуација, кога Хорват шутираше седмерец против Норвешка за финале. Можеби ова е некоја поблага варијанта. Сепак се први и треба да бидат среќни. Одиграа одличен меч и треба да го заборават тој шут, за жал топката не влезе, но имаат добри шанси и против Шпанија и против Данска. Имаат одлични играчи, тука се Кузмановски и Талески. 

Како и секогаш, така и на ова натпреварување Македонија има огромна поддршка од своите фанови. Убаво е да се видат Македонците на трибините, докажаа дека сте ракометна земја. Тие се вистински пример како се навива за својата репрезентација“, рече Лука Циндриќ по мечот. 

Извор: Спорт Медиа.мк

 

 

 

18.01.2018 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа