Циклон доаѓа кон Македонија - нека не ве лаже сонцето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност претпладне. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени.

До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури.

Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер.

 

 

 

19.10.2017 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа