Чудо: По 17 абортуси роди 4 ќерки за девет месеци

Литини Каур од Нотинген, Велика Британија, имала дијагностицирана акутна миелоидна леукемија, рак на белите крвни зрнца на нејзини 17 години, а година дена потоа отишла и на трансплантација на коскена срж.

Пред да стане мајка, имала 17 абортуси за само 5 години, а првиот бил во 2010 година.

Се обидела да забремени од 2007 година по нејзината венчавка, но безуспешно.

Првиот абортус бил најтежок, но не губела надеж и се обидувала да се оствари како мајка.

-По трансплантацијата ми рекоа дека најверојатно нема да имам деца поради леукемијата од која боледував, но не губев надеж, вели таа.

Дури одлучила таа и сопругот да посвојат дете, но бидејќи немало соодветни азиски деца, се откажале од посвојувањето.

Во периодот од 2013 до 2015 година, во болница во Индија направила 6 обиди за ин витро но секој обид бил безуспешен.

Но во февруари 2015 година, Литина останала бремена со помош на ин витро.

Таа во септември со царски рез роди ќерка, а во ноември близнаците Кајал и Кавит, а четвртата ќерка и се роди по 28 недели во јуни.

-Пресреќна сум и уживам во друштвото на своите ќеркички кои ми даваат волја за живот, вели мајката.

 
 
11.01.2017 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа