Червар: Она што го направија Македонија и Вардар е плод на повеќегодишно вложување, успехот не дојде преку ноќ

-Не знам дали знаете но Вардар покрај машкиот првак во ракомет има и женско финале. Македонија не е спортска велесила, дури ни ракометна, но она што го направија оваа сезона е плод на повеќегодишно вложување во составот. Вардар има подобри услови од сите ракометни клубови од Европа. Инфраструктура, сала, комплекс за тренинг и исте пропратни содржини… ние во Хрватска за такви работи може само да сонуваме, вели тренерот на Металург, екс македонски селектор и актуелен хрватски селектор Лино червар во ибтервју за Индекс.хр.

-Вардар направи страшна работа. Она што го направија во финалето е чудесно. ПСЖ на некој начин е репрезентација на светот. Имаат најдобри играчи, далеку поголеми плати и пак тоа не им беше доволно. Одушевен сум, а особено ми е драго поради нашите тројца репрезентативци. Овој успех на Вардар на некој начин е и триумф на Металург бидејќи Чиндриќ, Борозан и Марсениќ беа мои играчи кои јас ги открив. Меѓутоа сопственикот на Вардар, Самсоненко вложи многу пари во клубот и на тој пазар ние не можевме со него. Овој успех на Вардар во ваква конкуренција е супер работа за ракометот како спорт. Се надевам дека сфативме и ние во Хрватска како функционираат работите и кој е рецептот за европски првак, вели Лино кој за хрватски Индекс открива каков статус има ракометот во Македонија.

-Не знам дали знаете но Вардар покрај машкиот првак во ракомет има и женско финале. Македонија не е спортска велесила, дури ни ракометна, но она што го направија оваа сезона е плод на повеќегодишно вложување во составот. Вардар има подобри услови од сите ракометни клубови од Европа. Инфраструктура, сала, комплекс за тренинг и исте пропратни содржини… ние во Хрватска за такви работи може само да сонуваме. ПСЖ колку и да е богат, игра во сала која некогаш била складиште, а Вардар игра во храм на ракометот . овој успех не е дојде преку ноќ. Она што се случи во Келн е само потврда за правилното вложување на Русинот. Додека Металург е исклучиво македонски проект, Вардар е европски, луѓето вложуваат и нивната работа може да ни биде школа.

 

 

 

 

05.06.2017 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа