Цените незапирливо растат: Не чека поголемо поскапување на горивата

Цената на суровата нафта на светските берзи во денешното тргување го држи вчерашното ниво, иако во текот на вчерашниот ден, на берзата во Лондон, цената на барел нафта ја проби психолошката граница од 70 долари достигнувајќи 70,26 , а тргувањето го затвори на 69,80 долари за еден барел.

 

До следната корекција на малопродажните цени има уште помалку од една недела но загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Дополнителен проблем прави одлуката на македонската влада да ја покачи акцизата на дизелот за 3,5 денари по литар, што има значителен импакт на малопродажната цена на овој енергенс кој за последните 6 месеци поскапи за повеќе од 13 денари по литар.

Минатиот понеделник Регулаторна  пресмета дека просечната цена за претходните две недели на суровата нафта на берзата во Лондон била 64,099 долари за барел. За очекување е до крајот на неделава ценат ана светските берзи да надмине 70 долари за барел што значи дека идниот понеделник ќе имаме значително поскапување на горивата во Македонија. Тоа значи дека по подолг период бензинот ќе чини над 70 а дизелот над 60 денари за литар.

Во услови кога цената на светските берзи расте, а Македонија нема контрола врз тоа, единствено што и преостанува на Владата во Скопје е да размисли за мерка со која времено ќе се откаже од дел од акцизите за горивата и ќе овозможи пониски малопродажни цени.

Во април 2011 година, кога цените на светските берзи забрзано се движеа нагоре, македонската Влада тогаш ја намали акцизата на бензините за 4 а на дизелот за 2 денари по литар.

 

 

 

16.01.2018 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа