Цел свет ја гледаше венчавката: Се омажи ќерката на бизнисменот и претседател

Кахијанг Ају, е 26 годшната ќерка единица на претседателот на Индонезија, Јоко Видодо. Нејзината раскошна венчавка броеше 8.000 лица, меѓу кои и бројни политичари, но без звучни меѓународни имиња, пишува Би-Би-Си.

Венчавката и парадата се одржани во средата во родното место на претседателот во градот Суракарт, познат и како Соло во централна Јава. На парадат учесниците носеле етнички костими од сите делови на оваа земја.

Вечерта пред венчавката, гордите родители и ги објасниле на ќерката деталите од јаванската традиција. Младоженецот Мухамед Боби Афиф Насутион е бизнисмен кој се занимава со недвижности.

На парадата која е одржана по повод венчавката, гостите биле облечени во носии кои одговраат на краевите од кои доаѓаат, пишува Би-Би-Си.

Претседателот исто така организирал и превоз на гостите на венчавката. Цел му било на венчавката да учествуваат сите друштвени сталежи, а и неговиот народ нешто да заработи од венчавката.

Јоко Видодо бил прв градоначалник на Соло, а потоа и гувернер на Џакарта, пред да стане претедател во 2014 годинал. Често се нарекува Јокови и доста е популарен кај Индонезијците.

 

 

 

13.11.2017 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа