Буфон и Ноер единствени кои не примиле гол на Камп ноу

Барселона вчеравечер го остави во молк стадионот Камп ноу како и илјадниците гледачи кои стадионот го напуштија со насолзени очи по поразот од Јувентус.

Јувентус веќе е во полуфиналето од Лигата на шампионите, а легендарниот Буфон призна дека не очекувал така лесно да помине во дуелот против легендарното трио Меси, Нејмар и Суарез.

Оваа историска ноќ ја има повторено само Мануел Ноер пред четири години кога не прими ниту еден гол на Камп ноу против Барселона во натпреварот од ЛШ.

-Без разлика на резултатот, покажавме верба и карактер. Имавме одличен пристап. А, ваквиот релативно лесен пласман во полуфиналето против веројатно најдобрата екипа на светот може само дополнително да ви ја поправи самодовербата. Знаев дека имаме добра шанса да минеме понатаму по првиот натпревар, но искрено не верував дека ќе успееме да ја сочуваме мрежата на Камп ноу. Кога играте против таква напаѓачка екипа, претпоставувате дека секогаш ќе примите барем еден или два гола, изјави Буфон.

 

 

 

 

20.04.2017 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа