Бројот на жртвите од пожарот во Португалија се зголеми- досега 43 лица загинати

Бројот на загинати во пожарите што минатиот викенд избувнаа во Португалија се искачи на 43 лица, соопшти синоќа портпаролот на португалската Агенција за цивилна заштита Жорге Диас.

Тој нагласи дека последното тело на жртва од пожарите е пронајдено вчера во близина на болница во градот Коимбра.

 

Во вторникот противпожарните служби успеаја да ги стават под контрола најголемиот број пожари, во што им помогнаа и врнежите од дожд и падот на температурите.

Португалската министерка за внатрешни работи Констанса Урбано де Соуса завчера поднесе оставка на функцијата, преземајќи одговорност за смртта на над 100 лица во овие и во пожарите што ја зафатија Португалија во јуни годинава.

 

 

 

 

20.10.2017 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа