Бројката на жртвите од пожарот во Португалија се зголеми на 39

Билансот на загинатите во шумскиот пожар во околината на португалскиот град Леириа се зголеми на 39 лица, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи. Во пожарот се повредени 59 лица.

Пожарот им се заканува на неколку населби во областа. Пожарот избувнал во близина на Педрогау Гранде, на околу 200 километри од главниот град Лисабон, околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич).

Околу 500 пожарникари и 160 противпожарни возила се мобилизирани и се бореа со огнената стихија во текот на ноќта.    

Температурите во многу области на Португалија се искачија над 40 степени Целзиусови.

 

 

 

18.06.2017 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа