Бостанџиите се креваат: Ќе блокираат патишта во југоисточна Македонија

Бостанџиите од југоисточна Македонија најавија дека ќе ги блокираат патиштата поради незаинтересираноста на новата влада и министерот за земјоделие за решавање на ниската откупна цена на бостанот годинава.

Незадоволството кај земјоделците еруптираше откако тие неколку денови повикуваат новата влада и министерот за земјоделие да го решат проблемот со ниската откупна цена бостанот која овие денови се движи од 2,5 до 3 денари.

Ново во развојот на овој проблем е што земјоделците побараа посебна комисија од Владата и Министерството за земјоделие која би ги утврдила штетите што настанале поради слабиот откуп на земјоделските производи.

Земјоделците велат дека вакви проблеми немале со претходната влада и дека таа си била добра, додека владата на СДСМ е за никаде.

 

Претходно градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, јавно го повика министерот за земјоделие Љупчо Николовски веднаш да дојде во

нивната општина и да го реши овој огромен проблем бидејќи бостанот скапува на нивите

.

 

 

 

 

12.07.2017 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа