Борисов: Коридорот 8 приоритет за Бугарија и регионот

 

Коридор 8 е нашиот приоритет. Тој е од животно значење за нашиот регион, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на почетокот на првата заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија, што се одржува во Струмица.

Високата бугарска делегација претпладнето, во манастирот Водоча, крај Струмица, ја пречека македонскиот премиер Зоран Заев, кој му заблагодари на својот бугарски гостин за посетата, истакнувајќи дека тој за него е прво пријател, а потоа колега. Бугарскиот премиер му заблагодари на својот домаќин на топлото добредојде, и истакна дека без европска солидарност нема ниту економски, ниту европски развој.

Според него, за Бугарија регионот е приоритетна тема и денешната средба во Струмица е доказ токму за тоа.

- Дури и денешната средба покажува развој во нашите односи. По потпишувањето на спогодбата се радувам што денеска со своите министри седиме на една маса, изјави Борисов.

Во моментов во Домот на АРМ во Струмица се оддржува првата заедничка седница меѓу владите на Бугарија и Македонија, а на дневниот ред се девет договори под попвеќе области и една заедничка декларација. 

 

 

 

23.11.2017 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа