Богов: Државата има начин да го полни Буџетот, нека ја оданочи сивата економија

Европската централна банка се уште се држи до монетарната  политика која предвидува инјектирање на ликвидност,па со оглед на тоа македонската економија  во  последниот период создаде услови за намалување на каматната стапка на 3 проценти истакна Богов на седмата конференција конференција во Охрид. Што се однесува пак до фискалната политика гувернерот на Народна банка потенцира дека тоа е владина политика, пишува Сител.

Во однос на прогресивното оданочување Богов сугерира дека би било добро владата да се концентрира на оданочувањето на сивата економија.

Eксперите сметаат дека секоја мерка спротивна на заложбите за слободната трговија негативно ќе влијае врз растот на економијата.

Конференцијата претставува можност за размена на искуства со претставниците на пошироката меѓународна заедница за клучни прашања од областа на макроекономијата, монетарната политика и финансиската стабилност.

 

 

 

13.04.2018 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа