Била во 41 недела од бременоста а дотогаш не посетила доктор - кога почнало породувањето сите биле вџашени

Во март 2017 година, жена се пријавила во болница во Барнаул во Западен Сибир. Била во 41 недела од бременоста, а до тогаш ниту еднаш не посетила доктор или бабица. Причината била недоверба кон целата медицинска индустрија.

По прегледот, докторите откриле нешто шокантно.

Жената имала вонматерична бременост која е навистина опасна по животот на трудниците и плодот. Жената веднаш била однесена на операција.

Кога хирургот го извадил бебето се случило чудо, тоа било живо и немало никакви последици, а било тешко 4 килограми.

zena-rodila

Гордата мајка ја нарекла својата ќеркичка Вероника, што значи победа, а нејзината приказна станала навистина популарна во Русија.

По оваа приказна жената рекла дека ако некогаш повторно забремени, редовно ќе оди на прегледи. 

zena-rodila-2

 

 

 

 

24.09.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа