Бидете внимателни: Доказ дека Фејсбук ве прислушкува

Фејсбук би можел да ги слуша разговорите на корисниците и тоа во секое време.

Апликацијата за мобилни телефони на Фејсбук ги собира информациите за анализа во врска со тоа што луѓето највеќе зборуваат и за што се заинтересирани, а тоа сега е и потврдено.

На ова предупредува професорот од универзитетот во Јужна Флорида Кели Бурнс. Вели дека алатиките не се таму само за да им помагаат на своите корисници, туку би можеле да ги слушаат разговорите и да служат за адвертајзинг.

Тој вели дека за некои теми за кои се зборува преку телефон, може да се забележи дека веднаш потоа се појавуваат такви реклами на Фејсбук.

 

 

 

 

 

08.11.2017 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа