Бибијана влезе во историјата: Ова е првата жена судија која судеше натпревар во Бундеслигата

Бибијана Штајнхаус стана првата жена која ја делела правдата на еден натпревар од најквалитетното фудбалско првенство во Германија.

Таа попладнево го судеше дуелот на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин меѓу Херта и Вердер кој заврши нерешено 1:1.

Истовремено Бибијана Штајнхаус е првата жена која судела во некои од ТОП 5 лигите во Европа (Германија, Англија, Шпанија, Италија и Франција).

38-годишната Штајнхаус по професија е полицаец. Фудбалски судија е од 2007 година, а нејзини најважни „отсвирени“ натпревари во кариерата се овогодишното финале во женската Лига на шампиони и финалето на женскиот турнир на ЛОИ 2012 година.

 

 

 

10.09.2017 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа