Бесплатен јавен превоз за 110 ученици од населбата „Тризла“

Околу 110 деца од месноста „Три багреми“ и од улиците „Моравска“ и „Дабничка“ во населбата „Тризла“ од утре ќе имаат бесплатен училиштен превоз. За овие ученици, посебена линија  воведе Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, информираат од прилепската локална самоуправа. 

- Бесплатниот превоз за учениците е организиран во двете смени за двата правца, од 6:30 часот за учениците од првата смена и од 12:30 за учениците од попладневната смена. Навечер, по часовите, од 18:30 часот учениците повторно организирано ќе бидат вратени дома. Опфатени се сите ученици од прво до осмо одделение што учат во основното училиште „Добре Јованоски“ во населбата Тризла, вели Славе Петрески, директор на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање.

Од општината порачуваат дека се во тек и други активности со кои ќе се подобри животот на граѓаните од населбата „Три багреми. 

 

 

 

12.02.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа