Беровчанец заработи кривична поради злоупотреба на должност

Полицијата Берово поднесе кривична пријава против 57- годишниот Ѓ.Б од село Русиново, вработен во Подрачно шумско стопанство „Малешево“  Берово како референт за дотур и сечач во приватни шуми, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот на 22.12.2016 година издал документ и жигосал 27 броја исечена дрвна маса (борови трупци) од парцела, која била изнесена на ден 14.02.2016 година.

На 18.02.2016 година од парцела, сопственост на В.Б., биле исечени уште 9 броја борови трупци кои пријавениот ги жигосал и издал документ за транспорт на истите.

Само 5 броја биле однесени, а останатите четири останале исечени и жигосани на парцелата.  

 

 

 

19.06.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа