Бега од одговорност: Цукерберг одби да одговара пред британскиот Парламент

Извршниот директор на компанијата Фејсбук, Марк Цукерберг го одби барањето на Комитетот на британскиот Парламент да одговара на прашања во врска со злоупотреба на податоци.

Демијан Колинс, претседателот на Комитетот, тело кое го истражува влијанието на социјалните медиуми врз изборите, го повика Цукерберг да одговори на „катастрофалниот неуспех на процесот“.

- Цукерберг замоли еден од своите заменици лично да ги достави доказите. Шефот на технолошката служба Марк Шефер и шефот на производство Крис Кокс ќе бидат добра замена за да одговараат на прашања, соопшти Ребека Стимсон, шефица за јавни политики на британското претставништво на Фејсбук.

Демијан Колинс изјави дека би му било драго замениците на Цукерберг да одговорат на прашања, но оти тој би сакал лично од првиот човек на Фејсбук да слушне повеќе за тоа.

 

 

 

27.03.2018 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа