Бабунски си заминува од Црвена Ѕвезда

 

 

Давид Бабунски во најскоро време ќе си замине од Црвена Ѕвезда откако веќе поднесе барање за раскин на договорот со српскиот шампион.

Младинскиот репрезентативец на Македонија не ја доби шансата што ја заслужуваше во дресот на „црвено-белите“, во меѓувреме не ги добиваше ни парите што му следуваа според договорот, поради што се реши на ваков чекор за заминување од „Маракана“.

– Долговите кои Црвена Ѕвезда ги има кон Бабунски само му послужија на Македонецот како причина за покренување на постапка за добивање на раскин на договорот, кои всушност е многу понезадоволен што не ја добива неопходната минутажа, јавуваат српските медиуми.

Со оглед на фактот дека Бабунски има апсолутно право да бара раскин поради долгувањата кон него, раскинот на договорот е прашање на денови, по што Македонецот ќе може како слободен играч да си најде нов клуб, кој нема да плати никаква отштета за неговиот ангажман. Тоа нема да биде никаков проблем бидејќи македонскиот плејмејкер се наоѓа на листата со желби на неколку клубови од регионот (Динамо Загреб и Олимпија), а сериозен интерес во последните петнаесетина дена искажа и турскиот прволигаш Бурсаспор.

 
 
03.01.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа