Автомобил влета во полициско комбе - полицијата на готовс во Франција

Француската полиција во моментот извршува акција во близина на Шанзелизе во Париз, откако автомобил влетал во полициско комбе. Автомобилот по ударот се запалил, соопштија властите.

Возачот е во безсознание, јавува француската новинска агенција АФП, повикувајќи се на полициски извори.

Властите не се сигурно дали ударот во полициското комбе бил намерен или случаен, јавува Би-Би-Си.

Во Франција е прогласена вонредна состојба по бранот терористички напади во последните години.

 

 

 

19.06.2017 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа