Автобус на ЈСП прегази скопјанец

Околу 14 часот и 30 минути на булевар „Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која автобус на Јавното сообраќајно претпријатие управуван од 53-годишниот М.З. од Скопје удрил во пешак.

Полицијата информира дека се работи за 52-годишниот М.И. од селото Бојане. Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде бил задржано за понатамошно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

14.09.2017 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа