Антикорупциската комисија истражува актуелни функционери

За дел од новите функционери на власта се водат постапки за вмешаност во корупциски случаи, потврдува Игор Тантуровски. Тој не откри против колкумина функционери, од кое ниво на власт се и за што антикорупциска отворила предмети.

-Секогаш има, има и сега. Нашата институција сите пријави кои се доставуваат до нас, редовно ги процесира. Има и од повисоки нивоа до пониски нивоа , до директорски места, вели Игор Тантуровски, Претседател на Антикорупциска комисија.

Наспроти ваквите тврдења, Министерот за внатрешни работи на денешната конференција за одбележување на меѓународниот ден за борба против корупцијата, декларативно нагласи дека новата власт ќе работи на сузбивање на корупцијата во државата..

-Политичка волја имаме да ги промениме старите и лоши навики, но тоа не е доволно. Неопходни се конкретни мерки. Отвореноста и транспарентноста во изминатиов период се јасен показател дека тоа и го мислиме, вели Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Делегацијата на Европската унија во земјава забележува дека е неопходно сите државни институции да се вклучат во борбата против корупцијата бидејќи таа ги намалува приходите на државата и квалитетот на услугите кои ги добиваат граѓаните..

-Не е во ред да се плаќаат пари или да се користат врски, семејни врски или пријателски врски за да се добијат договори, да се добие работно место, наместо други кои имаат подобри кфалификации или подобра понуда.

Инаку од денеска во борбата против корупцијата во Македонија се вклучува и УСАИД. Со петгодишна програма ќе ја помага платформата составена од 15 граѓански организации за промовирање на доброто владеење и подобрување на животниот стандард на луѓето.

 

 

 

07.12.2017 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа