Ангеловски: Како игравме, заслуживме да имаме повеќе бодови во квалификациите

Македонија одлигра блескаво и победи увбедливо со 4:0 против Лихтенштајн, како за крај на квалификациите за пласман на Светското првенство во русија. „Црвено-жолтите“ беа со аплаузи испратени од публиката во Струмица, по последниот меч од квалификациите за Мундијалот. 

„Она што го кажав пред мечот, го видовме и на самиот натпревар. Моите фудбалери излегоа со максимален пристап и со желба да се добие овој натпревар. Ова беше убава победа над Лихтенштајн. Се покажа кога пристапот е правилен, резултатот никогаш нема да биде доведен во прашање, особено во ситуација кога против себе имаме репрезентација од која сме поквалитетни“, се првите импресии на селекторот Игор Ангеловски.

Популарниот Мрме жали што селекцијата на крајот нема повеќе бодови на контото, од тие 11 со кои завршивме на петото место во групата.

„Се уште сме под импресии, но како генерална оценка, ме радува тоа што сите мечеви во овие клвалификации бевме конкуирентни. Знаеме во каква група бевме. Пред квалификациите истакнав три цели: прво да се направи тим, да се направи претпознатлива игра, и што е можно повеќе да собереме бодови. Мислам дека според игрите не е реално бодовното салдо“, е коментарот на предводникот на националниот тим.

 

 

 

09.10.2017 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа