Американска донација во опрема, во вредност од околу 18 илјади долари за Царинската управа

Царинската управа денеска доби донација во опрема со вредност од околу 18 илјади американски долари од Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност на Владата на САД.

Опремата официјално била предадена во просториите на Царинската управа на денешниот состанок  на директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и Џорџ Кларк, регионален советник на Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност на Владата на САД.

Опремата ќе овозможи дополнителна поддршка на капацитетите за контрола на Царинската управа, а се состои од систем за контрола со видеоскоп,  инструменти за мерење на густина и рачен алат.

- Оваа опрема е дел од секојдневното работење на царинските службеници и игра значајна улога за подобрување на оперативните капацитети на Царинската управа и постигнување на поефикасни резултати при заштитата на границите и општеството во целина, наведуваат од Царинската управа.

Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност, финансирана и поддржана од страна на Стејт Департментот и Министерството за безбедност на САД, во изминатите години обезбедува помош и поддршка за севкупното царинско работење, преку донирање на оперативна опрема во повеќе наврати, како и специјализирани обуки за стручна подготовка на царинските работници, соопштија од Царинската управа. 

 

 

 

12.02.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа