Аманатидис: Над 140 земји ја нарекуваат земјата Република Македонија

Повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јанис Аманатидис коментирајќи ја изјавата на медијаторот Метју Нимиц дека во предлогот за решавањето на спорот за името ќе биде содржан терминот Македонија.

Аманатидис во изјавата не спомена географска одредница и додаде дека постојат други параметри кои ќе го одредат текот на преговорите и ќе ја разјаснат грчката дипломатија.

 

 

 

17.01.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа