Алијанса за Албанците и БЕСА обвинуваат дека Спасовски вмешал прсти за да го изгубат мнозинството во Советот на Гостивар

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса обвинуваат дека го изгубиле мнозинството во Советот на Општина Гостивар затоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ургирал советници да ја променат страната. Со тоа градоначалникот, Арбен Таравари, не би ја имал поддршката од Советот, затоа што мнозинството би било предводено од советниците на ДУИ.

„Чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар, па затоа за денес инициравме одржување на конститутивна седница. Но, вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на  губитниците на изборите“, велат од двете партии.

Од тие прачини, додаваат, ја напуштиле седницата.

„Ние советниците од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето Беса, оценивме дека е неразумно да бидеме дел од крајно манипулираната конститутивна седница, па затоа ја напуштивме истата“, информираат од БЕСА и од партијата на Зијадин Села.

 

 

 

17.11.2017 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа