Алексовска: Единствено ВМРО-ДПМНЕ покажа грижа за сите категории на граѓани

Алексовска додаде дека примателите на социјалната помош во 2006 година земале 2900 денари, а веќе во 2016 година земале 4927 денати. Постојаната парична помош се зголемила за 68,5 проценти, односно во 2006 година изнесувала 3695 денари а во 2016 година постојаната парична помош изнесува 6228 денари.

Единствена влада која што реално покажала грижа за оваа категорија на граѓани кои што припаѓаат на различни социјални категории е владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кажа Слободанка Алексовска на денешната трибина на републичката комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Алексовска потенцираше дека моментално во Македонија има влада која што е предводена од непобедничка партија, вештачки создадена. Таа додаде дека за 4 месеци владата на СДСМ ништо не сработила, освен што ги излажала граѓаните и им укинала голем број на проекти кои што ВМРО-ДПМНЕ ги донела, се тоа на штета на најранливата категорија на граѓани.

-ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми постојаната социјална помош и таа беше во континуитет низ 10 годишното владеење зголемувана. Од 2006 до 2016 година таа е зголемена за цели 69,8 проценти, што е навистина еден показател дека се грижиме за оваа ранлива категорија и зголемувањето е реално односно тоа одело по години онака како што дозволувал Буџетот, истакна Алексовска.

Алексовска додаде дека примателите на социјалната помош во 2006 година земале 2900 денари, а веќе во 2016 година земале 4927 денари. Постојаната парична помош се зголемила за 68,5 проценти, односно во 2006 година изнесувала 3695 денари а во 2016 година постојаната парична помош изнесува 6228 денари.

На крај таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижела и неуморно работела за потребите и интересите за сите категории на граѓани, за младите и за пензионерите. Додаде дека граѓаните тоа го знаат и затоа на 15-ти октомври ќе гласаат токму за ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

09.10.2017 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа