Ако имате влага и мувла во домот ви се закануваат овие болести

Влагата во домот заедно со лошата вентилација на воздухот создаваат совршени услови за појава на мувла. Најчесто мувлата се појавува во бањата, кујната, подрумот, водоводните цевки и на други места каде постои влага. Може да се појави и на ѕидот, тепихот и мебелот доколку овие површини останат влажни подолго време. Влагата најчесто се шири од кујната и бањата каде се создава пареа која може да кондензира и да се претвори во капки вода. Кондензацијата најчесто се случува на прозорците и во ќошевите на собите кои се поладни и каде што има помало циркулирање на воздухот.

 

Здравствени проблеми како резултат на мувлата

Мувлата може да предизвика проблеми со нашето здравје, особено доколку подолго време сме изложени на нејзиното влијание. Таа може да ослободи лош мирис и да ве натера да кивате поради одредени честички што ги ослободува во воздухот. Кивањето не значи дека сте алергични на мувла, но кај некои луѓе може навистина да се појават симптоми кои укажуваат на алергија:

  • Астма или некои други респираторни болести;
  • Чешање, солзење и црвенило во очите;
  • Главоболка или мигрена;
  • Хронична кашлица;
  • Проблеми со синусите;
  • Затнат нос;
  • Замор;
  • Осип на кожата;
  • Често кивање. Некои видови на мувли се причина за создавање на микотоксини кои можат да бидат доста опасни за нашето здравје. Изложеноста на високи нивоа на микотоксини може да предизвика и невролошки проблеми.
  • Доколку забележите било какви проблеми со вашето здравје како резултат на мувла препорачливо е веднаш да се обратите на лекар.
 

 

 

12.08.2017 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа