Ахмети на заедничка средба со САД и ЕУ

Денес во просториите на Aмериканската Aмбасада во Скопје, Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, оддржа заедничка работна средба со Заменик-амбасадорот на САД во Скопје, г-ѓа.Микаела Швајцер Блум и Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, г.Самуел Жбогар.
 
Претседателот Ахмети со соговорниците разговараа околу понатамошното развивање во однос на формирањето на новата реформска влада, со што, го повтори ставот дека Демократската Унија за Интеграција целосно е посветена во спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето на нови работни места.
 
Првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања.
 
Ахмети истакна дека 16 години од неговите активности во рамките на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница, затоа и побара помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија.
 

 

 

19.05.2017 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа