Агим Ибраими спогодбено го раскина договорот со Астана, сега е слободен играч

 

 

Македонскиот фудбалски репрезентативец со големо меѓународно искуство, Агим Ибраими, од денес е без клуб, откако спогодбено го раскина договорот со шампионот на Казахстан, Астана.

-Не ги спориме квалитетите на Ибраими, тој е високо квалификуван фудбалер, добро се вклопуваше во нашиот стил на игра и ако немаше проблеми со повредите сигурно дека ќе дадеше голем придонес за нашиот клуб. Но, тој повеќе беше надвор од терените и со одлука на стручниот штаб клубот одлучи да ја раскине соработката со него. Тој е голем професионалец, ние немавме никакви замерки за него, и му посакуваме се најдобро во понатамошниот тек од кариерата – изјави генералниот директор на клубот, Сајан Камицанов.

28-годишниот крилен напаѓач на почетокот на оваа сезона премина во редовите на Астана, од словенечки Марибор каде настапуваше од 2011 година. Во нашето првенство Ибраими го има носено само дресот на Шкендија, а беше член и на Олимпија Љубљана, Ред Бул Салзбург и Нафта Лендава, додека за Македонија одигра 39 меча, постигнувајќи 7 гола.

 
 
23.12.2016 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа